Свет Kim Kardashian

2 декември, 2012

Ким Кардашијан започнува музичка кариера

После Парис Хилтон, уште една разгалена богаташка си го „откри музичкиот талент“ и се надева дека со помош на нејзиното момче ќе се најде во листата на најдобрите 40 музички изведувачи. Станува збор за најпознатата од сестрите Кардашијан, девојката на Канје ВестКим Кардашијан. Имено, Ким веќе имаше еден музички обид во 2011 година, но не помина баш најдобро, па таа се заколнала дека повеќе нема да запее. Но, сега во комбинација со Канје, таа верува дека ќе успее да се пласира на музичкиот пазар.

Иако Џеј Зи и други пријатели на двојката му сугерирале на Вест да се откаже од оваа идеја, тој веќе испланирал два месеци за подготовка на нов хитовски материјал кој Ким ќе го снима во неговото студио. Во продолжение слушнете го првиот музички обид, нумерата „Jam (Turn It Up)“, па проценете сами колку најпознатата од сестрите Кардашијан ќе успее во музичките води.



Врати се горе ↑