17 декември, 2012

Килерс со уште еден нов спот – „Here With Me“

Очигледно е тоа дека овој бенд вредно работи, па во многу краток период откако ги објави сингловите „I Feel It In My Bones“ и „Miss Atomic Bomb“, а за вториот снимија дури два видео записи (еден привремен и еден официјален), сега веќе стигнува и уште еден нов видео запис, повторно во режија на познатиот Тим Бартон. Уште поинтересно е тоа што во спотот се појавуваат и актерите Винона Рајдер и Крег Робертс. Баладата „Here With Me“, која се наоѓа на актуелниот албум „Battle Born“, ја напишаа Брендон Флауерс и Френ Хили, фронтменот на бендот Тревис (Travis). Погледнете го интересниот видео запис кој сигурно ќе Ви се допадне доколку сте фан на Бартон.

 

Извор: spin.com/mtv



Врати се горе ↑