Свет The-Killers

3 декември, 2012

Килерс имаат нов сингл

Д Килерс (The Killers) во текот на викендот, по повод одбележувањето на Денот за борба против сидата, 1-ви декември, го објавија синглот „I Feel It In My Bones“, кој е своевидно продолжение на песната „Don’t Shoot Me, Santa“ од 2007 година и свој седми по ред наслов во традицијата на објавувањето на „годишните празнични песни“. Во новата песна која е снимена за еден ден во текот на нивната британска турнеја, на вокалите им се придружи и пејачот Рајан Парди, а синглот кој ќе биде објавен на 4-ти декември и од кој сите приходи ќе бидат упатени на хуманитарната организација RED, можете да го слушнете ексклузивно само на страниците на магазинот Rolling Stone.

 

 



Врати се горе ↑