7 ноември, 2012

Кид Кади со спот за „Just What I Am“

Нумерата „Just What I Am“, која Кид Кади ја претстави во август и во која гостува колегата Кинг Чип, познат и како Чип Да Рипер доби свој видео запис кој го режираше Скот Мескади.

Ова е првиот најавен сингл за третиот студиски албум на Кади со наслов „Indicad“ кој ќе излезе во почетокот на следната година, а веќе се потврдени гостувањата на истиот. Соработки ќе има со Канје Вест, Пуша Ти, Џејден Смит, Кендрик Ламар, Кинг Чип, Кејџ и Џеј Зи.



Врати се горе ↑