Свет

6 декември, 2018

Кевин Харт ќе биде водител на „Оскарите 2019“

Американскиот актер и комичар Кевин Харт ја доби честа да биде водител на 91. доделување на академските филмски награди или „Оскарите“, кое ќе се одржи на 24 февруари 2019 година во театарот „Долби“ во Лос Анџелес. Тој ја сподели веста на социјалните мрежи, изразувајќи огромно задоволство што ќе им се придружи на своите колеги кои оставиле белег на оваа популарна манифестација.

„Со години ме прашуваа дали некогаш ќе бидам домаќин на оваа церемонија и мојот одговор беше секогаш ист – велев дека ќе ми биде огромна чест и шанса што не се пропушта“, напиша актерот, кој е познат по улогите во бројни американски комедии, како и од минатогодишното продолжение на „Џуманџи: Добредојдовте во џунглата“.

View this post on Instagram

For years I have been asked if I would ever Host the Oscars and my answer was always the same…I said that it would be the opportunity of a lifetime for me as a comedian and that it will happen when it’s suppose to. I am so happy to say that the day has finally come for me to host the Oscars. I am blown away simply because this has been a goal on my list for a long time….To be able to join the legendary list of host that have graced that stage is unbelievable. I know my mom is smiling from ear to ear right now. I want to thank my family/friends/fans for supporting me & riding with me all this time….I will be sure to make this years Oscars a special one. I appreciate the @TheAcademy for the opportunity ….now it’s time to rise to the occasion #Oscars

A post shared by Kevin Hart (@kevinhart4real) on

Веста дека Харт ќе ја води претстојната церемонија наиде на поделени реакции и многумина сметаат дека е погрешен избор, особено ако се има предвид дека гледаноста на настанот опаѓа. Имено, порано годинава од Академијата ги открија плановите за намалување на времетраењето на манифестацијата на 3 часа, како и за воведувањето на новата категорија за најпопуларен филм, што исто така наиде на поделени мислења.

Гласањето за номинациите за претстојното доделување ќе се одвива од 7 до 14 јануари, а кој сè ќе биде во трка за престижната златна статуетка ќе дознаеме на 22 јануари. За нас е особено важна категоријата за најдобар странски филм, во која нашиот кандидат годинава е филмот „Исцелител.



Врати се горе ↑