Балкан Tereza-Kesovija

2 декември, 2012

Кесовија: Во Србија пеам само за парите

Хрватската пејачка Тереза Кесовија неодамна во интервју дадено за телевизијата Z1 изјавила дека настапува во Србија само од финансиски причини, бидејќи ако живее само од настапите во Хрватска, луѓето „многу брзо ќе ја видат на улица“, пренесува Вечерњи Лист.

„Дозволете ми, господа, да живеам, порачала пејачката“ – пишува загребскиот дневен весник, кој наведува дека Кесовија долго одбивала да настапува во Србија заради војната во која и самата го изгубила домот, но на крајот сепак попуштила, па на почетокот на 2011 година настапила во Белград.

Водителката од Z1 го спомнала и Оливер Драгојевиќ, кој сè уште одбива да настапи во Србија, на кое што Кесовија одговорила дека споредбата нема врска. „Јас имам право и да кажам и да го направам тоа што сакам. Апсолутно сум без грев, бидејќи ќе го паметам она што ми е направено, долго ќе го паметам. Заборавот сигурно нема да ме скрши, но во состојба сум да простам“ – објаснила пејачката.

 



Врати се горе ↑