Аудио 11100638_10153034611925745_6854315370710314762_n

14 јули, 2015

Кеско со ремикс на „Physical Contact“ од Глодарагз

Македонскиот диџеј и продуцент Дамјан Дамески, исто така познат како Глодарагз (Glodaragz) уште во февруари го најави својот прв сингл од претстојниот албум „We’ve Only Just Begun“. Станува збор за синглот „Physical Contact“, кој сега доби одлична преработка од македонскиот продуцент Владимир Кесковски познат како Кеско (Kesko).  Преработката е различна од оргиналната верзија, вклучува тврд ритам, моќен бас и моќни електрични гитари, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Албумот „We’ve Only Just Begun“ на Глодарагз треба да биде пуштен во етерот оваа есен, а се очекува и албум од Кеско, кој ќе пристигне на почетокот на следната година.



Врати се горе ↑