Свет article-2239027-163A959A000005DC-388_634x465

20 декември, 2012

Кесиди Поуп е победничката на шоуто „The Voice“

Како што Кели Кларксон, Леона Луис, Џенифер Хадсон и многу други се прославија со учествата и победите на музички талент емисии како X Factor, Music Idol и сл, новата ѕвезда на американското шоу „The Voice“ е младата талентирана Кесиди Поуп. Финалето на овој избор се одржа на 18-ти декември, со што заврши третата сезона во која дел од жирито и  тренери на учесниците беа Кристина Агилера, Си Ло Грин, Адам Левин од Марун 5 и кантри пејачот Блејк Шелтон.

Кесиди (22) признала дека отсекогаш ја сакала музиката, често и самата пишувала песни, а за нејзиниот деби албум изјавила дека ќе биде во поп/рок стил, со малку кантри призвук. Во продолжение погледнете два  настапи во текот на шоуто, а времето ќе покаже дали и колку ќе се стекне со светска слава.

 

Инаку, во март следната година веќе ќе започне четвртата сезона од ова шоу, а на местото на Кристина Агилера и Си Ло Грин ќе дојдат Ашер и Шакира. Во продолжение погледнете го интересниот промотивен клип во кој четворицата музичари се расправаат која радио станица да ја слушаат во колата, па погледнете што ќе се случи…

 



Врати се горе ↑