Свет kesha-keha-650px

30 јануари, 2013

Кеша со документарна серија на MTV

Американската пејачка Кеша на нејзините фанови ќе им покаже една поиканква страна од себе. Имено, таа веќе подолго време најавувала документарна серија, а сега конечно е потврдено дека серијалот ќе се прикажува на музичкиот канал MTV, пишува PopCrush.

Во овој серијал кој е сниман и режиран од страна на нејзиниот брат Лејган Себрт и семејниот пријател Стивен Гринстрит. Шоуто ќе ја следи Кеша на нејзниот пат околу светот, пишувањето, снимањето и промовирањето на актуелниот албум „Warrior“.

„Сте го слушнале мојот глас на радио, сте ме виделе на сцена или во видео спот, но тоа е само дел од приказната“ – изјавила пејачката за MTV News. „Со оваа документарна серија ќе откријам покомплетна слика за мене, за тоа каков е всушност мојот живот. Не е толку гламурозно, но е реално.“

Премиерата на шоуто е закажана за април, но беше издаден краток клип во кој може да се види изморената и исцрпена, но сепак возбудена Кеша по нејзин настап во живо. Таа пие вода (не виски!) и прашува како поминала…

Извор: PopCrush

 

 



Врати се горе ↑