6 јули, 2017

Кеша се враќа со „Praying“

После пауза од три години, американската пејачка и авторка Кеша се враќа на музичката сцена со нов сингл. Станува збор за темата насловена „Praying“, која ја продуцираше Рајан Луис и која доаѓа после долгата правна битка со продуцентот Д-р Лук што сè уште не е разрешена.

„Имам изненадување за вас“, рече 30-годишната ѕвезда во видео најавата за новиот сингл, додавајќи: „Вашата поддршка и љубов ми помогна да го надминам најтешкото време во мојот живот. Не можев да го направам ова без вас, ве сакам“, заклучи таа.

За разлика од денс хитовите што навикнавме да ги слушаме од неа, „Praying“ е емотивна балада во која пејачката го преточила тоа што го чувствувала во изминатиов период. Песната воедно е и најава за нејзиниот трет по ред студиски албум „Rainbow“, кој ќе излезе на 11 август и на кој се сместени вкупно 14 нумери.



Врати се горе ↑