Аудио feat-hymn-kesha

3 август, 2017

Кеша има нова „Химна“

Повратничкиот албум на Кеша очигледно е исполнет со инспиративни песни, а покрај химната за жените, пејачката има и химна за отфрлените или „аутсајдерите“, инспирирана од приказните и искуствата на нејзините обожаватели. „Дури ни ѕвездите и месечината не сјаат како нас, сонувачите во потрага по вистината“, пее таа во новата „Химна“, „химна за оние без химна, деца без религија“.

„Оваа песна е посветена на сите идеалисти ширум светот кои одбиваат да го завртат грбот на напредокот, љубовта и еднаквоста. Посветена е на луѓето што излегуваат на улица да протестираат против расизмот, омразата и секаков вид на поделба. Посветена е и на секој кој се чувствува дека не е разбран од светот или не е почитуван за она што е“, рече пејачката за својата нова песна, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Претстојното, трето по ред студиско издание насловено „Rainbow“, Кеша го најави со темите „Praying“, „Woman“ и „Learn To Let Go“, а истото ќе биде објавено на 11 август.



Врати се горе ↑