Настани Larkin-Press-Shot

9 јули, 2013

Кени Ларкин во Сектор 909

На 12-ти јули (петок) во новиот летен клуб Сектор 909 ќе настапи славниот детроитски техно диџеј и продуцент Кени Ларкин (Kenny Larkin).

Кени Ларкин и минатата година гостуваше во Сектор 909 и тоа беше една од најдобрите забави за тоа лето. Тој е повеќе од 20 години на техно сцената со огромна дискографија зад себе меѓу кои е и албумот „Azymuth“ за Warp Records, албум кој според многумина до денес е ремек дело на техно музиката. Од неговите хитови можат да се издвојат Cirque de Sol“, „Groove“ и „Glob“но огромен успех достигнува и со неговите ремикси на „I Don’t Need A Cure For This“, „Go Deeper“ и „Future“.

Во 2012та се приклучува на издавачката куќа и букинг агенција Cadenza и констатно е дел од нивните настани низ целиот свет заедно со Luciano, Reboot, Robert Dietz. Во полето на продукција доживеа огромен успех со неговиот ремикс на траката „Future на Inner City“ и Kevin Saunderson кој се искачи на врвот на сите топ листи. Неговиот сет од Exit Festivalot од минатата година е еден од најгледаните на ЈуТјуб, сет кој точно го отсликува неговиот диџејски стил, моќен ритам со примеси на фанк и џез.


Како домашна подршка, пред Ларкин ќе настапи диџеј Mаци. Забавата започнува на полноќ а влезот е 200 денари до 01 часот , потоа 300 денари.



Врати се горе ↑