Видео kl

28 август, 2017

Кендрик Ламар триумфираше на наградите за најдобри видеа на Ем-ти-ви

Американскиот рапер Кендрик Ламар триумфираше на вчерашното доделување на наградите за најдобри видеа на Ем-ти-ви, победувајќи во шест од осумте категории во кои беше номиниран, меѓу кои и наградата за видео на годината за неговиот хит „Humble“. Музичарот имаше чест и ја да отвори манифестацијата, која се одржа во арената „Форум“ во Инглвуд, Калифорнија и чија домаќинка беше Кејти Пери, за која беше резервиран последниот настап за вечерта.

Покрај нив, на сцената во „Форумот“ настапија и Ед Ширан, Џулија Мајклс, Мајли Сајрус, Шон Мендес, „Фифт хармони“ со Гучи Мејн и други, додека специјално вклучување во живо имаа Деми Ловато и британската „Х фактор“ ѕвезда Џејмс Артур, а премиерно беше прикажано и новото видео на Тејлор Свифт за повратничкиот сингл „Look What You Made Me Do“.

Одличен настап имаше и годинешната добитничка на наградата „Мајкл Џексон видео вангард“, Пинк, која отпеа дел од најголемите хитови од својата 17-годишна кариера, меѓу кои и актуелниот „What About Us?“, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 

Дел од вечерта беше посветена и на прерано починатите музички икони Крис Корнел и Честер Бенингтон од „Линкин парк“, кои си ги одзедоа животите порано годинава, а збор-два за нив имаше нивниот колега и пријател од „30 секндс ту Марс“, холивудскиот актер и музичар Џаред Лето.

 

Сите победници и настапи од вчерашното, 34. по ред доделување на наградите за најдобри видеа на Ем-ти-ви ве очекуваат во продолжение. Уживајте!

Видео на годината 
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“ – ПОБЕДНИК
Бруно Марс – „24K Magic“ 
Алесија Кара – „Scars to Your Beautiful“
диџеј Калид, Ријана и Брајсон Тилер – „Wild Thoughts“ 
Викенд – „Reminder“

Уметник на годината
Бруно Марс
Кендрик Ламар
Ед Ширан – ПОБЕДНИК
Аријана Гранде
Викенд
Лорд

Најдобар нов уметник
Калид – ПОБЕДНИК
Кодак Блек
Ес-зи-еј
Јанг Ем-еј
Џулија Мајклс
Ноа Сајрус

Најдобра соработка
Чарли Пут и Селена Гомез – „We Don’t Talk Anymore“ 
диџеј Калид, Ријана и Брајсон Тилер – „Wild Thoughts
ДРАМ и Лил Јахти  – „Broccoli
„Чејнсмоукерс“ и Халзи – „Closer
Келвин Харис со Фарел, Кејти Пери и Биг Шон – „Feels
Зејн и Тејлор Свифт – „I Don’t Wanna Live Forever (Fifty Shades Darker)“ – ПОБЕДНИЦИ

Најдобро поп видео
Шон Мендес – „Treat You Better
Ед Ширан – „Shape of You
Хари Стајлс – „Sign Of The Times
„Фифт хармони“ и Гучи Мејн – „Down“ – ПОБЕДНИЦИ
Кејти Пери и Скип Марли – „Chained to the Rhythm
Мајли Сајус – „Malibu

Најдобро хип-хоп видео 
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“ – ПОБЕДНИК
Биг Шон – „Bounce Back
Ченс д репер – „Same Drugs
ДРАМ и Лил Јахти – „Broccoli“
„Мигос“ и Лил Узи Верт – „Bad & Boujee
диџеј Калид со Џастин Бибер, Куејво, Ченс д репер и Лил Вејн –  „I’m the One“

Најдобро денс видео 
Зед и Алесија Кара – „Stay“ – ПОБЕДНИЦИ
Кајго и Селена Гомез – „It Ain’t Me
Келвин Харис – „My Way
„Мејџор лејзер“ со Џастин Бибер и Мо – „Cold Water
Афроџек и Тај Дола Сајн – „Gone

Најдобро рок видео
Колдплеј – „A Head Full of Dreams
Фол аут бој – „Young and Menace
Туенти уан пајлотс – „Heavydirtysoul“ – ПОБЕДНИК
Грин деј – „Bang Bang“
Фу фајтерс – „Run

Најдобро видео за борба против системот – СИТЕ СЕ ПОБЕДНИЦИ
„Лоџик“ и Демиан Лемар Хадсон – Black SpiderMan (за расни и ЛГБТ предрасуди)
(од мјузиклот) Хамилтон – Immigrants (We Get the Job Done) (имиграција)
Биг Шон – Light (расни предрасуди)
Алесија Кара – „Scars To Your Beautiful“ (предрасуди за физички изглед)
Табу и Шајлин Вудли – Stand Up / Stand N Rock #NoDAPL (екологија и околина)
Џон Леџенд – Surefire (имиграција и омраза кон Исламот)

Најдобра кинематографија
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“ (Скот Канингам) – ПОБЕДНИК
Имеџин дрегонс – „Thunder“ (Метју Вајс)
Ед Ширан – „Castle on the Hill“ (Стив Анис)
диџеј Шедоу и „Ран д џулс“ – „Nobody Speak“ (Дејвид Проктор)
Халзи – „Now or Never“ (Кристоф Брандл)

Најдобра режија 
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“ (Дејв Мејерс) – ПОБЕДНИК
Кејти Пери и Скип Марли –„Chained to the Rhythm“ (Метју Кален)
Бруно Марс – „24K Magic“ (Камерон Дади и Бруно Марс)
Алесија Кара – „Scars to Your Beautiful“ (Арон Еј)
Викенд – „Reminder“ (Глен Мајкл)

Најдобра уметничка режија 
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“ (Спенсер Грејвс) – ПОБЕДНИК
Бруно Марс – „24K Magic“ (Алекс Делгадо)
Кејти Пери и „Мигос“ – „Bon Appetit“ (Натали Грос)
диџеј Калид, Ријана и Брајсон Тилер – „Wild Thoughts“ (Демиан Фајфи)
Викенд – „Reminder“ (Ламар Тејлор и Кристо Анести)

Најдобри визуелни ефекти
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“ (компанија „Тимбер“, Џона Хол) – ПОБЕДНИК
„А трајб колд куест“– „Dis Generation“ (компанија „Бимо“, Брендон Хирзел)
Кајл и Лил Јахти – „iSpy“ (компанија „Глорија еф-икс“, Макс Колт и Томаш Кузмитски)
Кејти Пери и Скип Марли – „Chained to the Rhythm“ (компанија „Мирада“)
Хари Стајлс – „Sign Of the Times“ (компанија„ Уан мор“, Седрик Ниволие)

Најдобра кореографија 
Канје Вест – „Fade“ (Тејана Тејлор, Гуапо, Џеј Блејз и Дерек Воткинс) – ПОБЕДНИК
Аријана Гранде и Ники Минаж – „Side to Side“ (Брајан и Скот Николсон)
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“ (Дејв Мејерс)
Сиа – „The Greatest“ (Рајан Хефингтон)
„Фифт хармони“ и Гучи Мејн – „Down“ (Шон Бенкхед)

Најдобра монтажа
Фјучр – Mask Off (Вини Хобс)
Јанг Таг – Wyclef Jean (Рајан Стак и Ерик Дељиодомини) – ПОБЕДНИК
Лорд – Green Light (Нејт Грос)
„Чејнсмоукерс“ и Халзи – „Closer“ (Џенифер Кенеди)
Викенд – „Reminder“ (Ред Барбејза)

Песна на летото: Лил Узи Верт – „XO Tour Llif3

Мајкл Џексон видео вангард: Пинк

Настапи:

 

И.Ј.



Врати се горе ↑