Аудио

6 февруари, 2018

Кендрик Ламар и Викенд ги здружија силите за „Pray For Me“

Кендрик Ламар ги здружи силите со својот канадски колега Викенд за темата насловена „Pray For Me“, која е снимена за потребите на претстојниот филм „Црниот пантер“. Музичарот воедно е и продуцент на комплетниот саундтрак за филмот, на кој самиот изведува и неколку песни, а покрај Викенд, гостуваат и Тревис Скот, Фјучр, Џејмс Блејк, Џорџа Смит, Калид, Сиза и други.

 

Како прв сингл, во јануари беше објавена соработката со Сиза за „All The Stars“, а нешто подоцна стигна и „King’s Dead“ во изведба на Ламар, Џеј Рок, Фјучр и Џејмс Блејк.

Изданието е закажано за 9 февруари, неколку дена пред американската премиера на филмот, во кој главната улога ја игра Чедвик Боузмен, а во останатите улоги ќе ги видиме и Мајкл Б. Џордан, Лупита Нијонго, Даниел Калууја, Анџела Басет, Форест Витакер и други. Во режија на Рајан Куглер, „Црниот пантер“ е врз основа на истоимениот суперхерој од Марвеловиот универзум на Стен Ли, а трејлерот можете да го видите во продолжение.



Врати се горе ↑