Свет

8 декември, 2018

Кендрик Ламар и Дрејк со најмногу номинации за „Греми 2019“

Хип-хопот веќе подолго време царува со топ-листите, па не е ни чудно што хип-хоп уметниците добиваат најголем број номинации на бројните доделувања на музички награди. Токму таков е случајот и со најважните признанија од областа на музиката – престижните златни грамофони или „Греми“, чие 61. доделување ќе се одржи на 10 февруари 2019. Имено, во трка за најголем број статуетки овој пат се популарните рапери Кендрик Ламар и Дрејк, кои се потенцијални победници во 8 и 7 категории.

Продуцентот Бој Уанда и Бренди Карлајл добија по шест номинации, правејќи ја Карлајл најноминираната жена на претстојното доделување, додека во пет категории се натпреваруваат Карди Би, Чајлдиш Гамбино, Лејди Гага и Марен Морис. Меѓу уметниците со повеќе номинации се и Картерови, односно Бијонсе и Џеј Зи, кои за својот заеднички албум добија 3 номинации, како и Дуа Липа и Биби Рекса, кои се во трка за по две награди, вклучувајќи ја и една од главните категории – најдобар нов уметник.

Како и секогаш, на претстојната церемонија ќе бидат наградени најдобрите уметници и дела што се објавени во периодот од 1 октомври 2017 до 30 септември 2018 година. Четирите главни категории ве очекуваат во продолжение, а комплетниот список со сите 80 категории можете да го видите на официјалната веб-страна на Греми.

Снимка на годината*

*се однесува на целокупниот производ (продукција, микс, мастеринг…) и се доделува на целиот тим

  1. I Like It – Карди Би, Бед Бани и Џеј Балвин
  2. The Joke – Бренди Карлајл
  3. This Is America – Чајлдиш Гамбино
  4. God’s Plan – Дрејк
  5. Shallow – Лејди Гага и Бредли Купер
  6. All The Stars – Кендрик Ламар и Сиза
  7. Rockstar – Пост Малоун и 21 Севиџ
  8. The Middle – Зед, Марен Морис и Греј
Песна на годината*

*се однесува на музиката и текстот и се доделува на самиот автор или авторски тим

  1. All the Stars – Кендрик Ламар
  2. Boo’d Up – Ела Меј
  3. God’s Plan – Дрејк
  4. In My Blood – Шон Мендес
  5. The Joke – Бренди Карлајл
  6. The Middle – Зед, Марен Морис и Греј
  7. This Is America – Чајлдиш Гамбино
  8. Shallow – Лејди Гага и Бредли Купер
Албум на годината
  1. Invasion Of Privacy – Карди Би
  2. By the Way, I Forgive You – Бренди Карлајл
  3. Scorpion – Дрејк
  4. H.E.R. – Хр
  5. Beerbongs & Bentleys – Пост Малоун
  6. Dirty Computer – Џанел Моне
  7. Golden Hour – Кејси Масгрејвс
  8. Black Panther: The Album, Music From and Inspired By – повеќе уметници
Најдобар нов уметник
  1. Лук Комбс
  2. Дуа Липа
  3. Биби Рекса
  4. Џорџа Смит
  5. „Грета Вен Флит“
  6. Клои и Хали
  7. Хр
  8. Марго Прајс


Врати се горе ↑