24 октомври, 2017

Келвин Харис со видео за „Faking It“

Шкотскиот диџеј и продуцент Келвин Харис екранизираше уште една тема од албумот „Funk Wav Bounces Vol. 1“, каде што се сместени 10 одлични хитови снимени во соработка со ѕвезди како што се Кејти Пери, Аријана Гранде, Фарел Вилијамс, Џон Леџенд, Снуп Дог и Ники Минаж, како и со неколку надежни имиња што допрва ќе се докажуваат. Станува збор за песната насловена „Faking It“, во која гостува 22-годишната пејачка Кејлани и раперот Лил Јахти, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, како што навестува и самиот наслов на албумот, Харис подготвува и второ продолжение со фанк и диско звуци, а претпоставуваме дека нè очекуваат уште десетина интересни комбинации и гостувања, кои веројатно се резервирани за следното лето.



Врати се горе ↑