1 септември, 2017

Келвин Харис ќе ве врати во ’70 со второто видео за „Feels“

Соработката на Келвин Харис со Кејти Пери, Фарел Вилијамс и Биг Шон за темата „Feels“ се покажа како вистински погодок за жешките летни денови, па шкотската ѕвезда одлучи да сними уште едно официјално видео, овој пат како настап во стилот на седумдесеттите. Музичарите свират и пеат на сцена осветлена од разнобојни неонски светла, што одлично ја доловува оваа популарна музичка ера, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, „Feels“ е сингл од актуелниот албум на Харис, „Funk Wav Bounces Vol. 1“, чиј наслов навестува дека ќе има и втор дел, па претпоставуваме дека сето тоа е резервирано за следното лето. На изданието се најдоа вкупно 10 теми, на кои можете да се потсетите овде.

 



Врати се горе ↑