Аудио

18 август, 2018

Келвин Харис и Сем Смит ги здружија силите за „Promises“

Шкотскиот диџеј и продуцент Келвин Харис продолжува со серијата успешни соработки, па и покрај тоа што сè уште е е актуелен со одличната „One Kiss“ со Дуа Липа, тој одлучи да го претстави и својот нов сингл насловен „Promises“, во кој гостува британскиот колега Сем Смит. Станува збор за уште еден потенцијален хит што сигурно ќе се искачи високо на светските топ-листи, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑