Видео

5 септември, 2018

Келвин Харис и Сем Смит ги екранизираа своите „Ветувања“

Инстант-хитот на Келвин Харис и Сем Смит штотуку доби и своја визуализација. Станува збор за најновата во низата успешни соработки за шкотскиот диџеј и продуцент и британската ѕвезда, кои ги здружија силите за темата насловена „Promises“, а урбаните њујоршки пејзажи одлично ја дополнуваат атмосферата на овој нов сингл што би требало да се најде на 6. студиско издание на Харис.

Иако сè уште е актуелен и хитот „One Kiss“ со Дуа Липа, „Promises“ се заканува не само да го повтори, но и да го надмине успехот на својот претходник, а како изгледа неговата екранизација дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑