Свет maxresdefault

14 април, 2015

Келвин Харис ѝ забрани на Тејлор Свифт да го спомнува во песните

Тејлор Свифт и Келвин Харис очигледно се во врска, а со оглед на тоа што американската пејачка е позната по тоа што пишува песни за своите поранешни момчиња, шкотскиот диџеј и продуцент наводно ѝ забранил да пишува песни за нив, ако некогаш се разделат. Имено, извор близок на пејачката за списанието „Мирор“ рекол: „Тоа беше навистина неизбежна тема и тој постојано мислеше на тоа, па минатата недела ѝ рече дека не сака да се најде во некоја од нејзините песни“.

Харис очигледно не сака да им се придружи на останатите поранешни момчиња, од кои еден доживеа и понижување во една од нејзините песни. Продуцентот исто така изјавил дека е заинтересиран и за нејзината работа, а не само за врската со неа, бидејќи отсекогаш бил нејзин фан: „Ова би можела да биде почеток на прекрасна врска, и професионална и лична, бидејќи двајцата се мошне талентирани уметници и кога би ги здружиле силите, би биле тим од соништата“, заклучил изворот.

Свифт, која во моментов е актуелна со третиот сингл од изданието „1989“ – темата „Style“, ќе сними видео запис и за песната „Bad Blood“, за која се шпекулира дека е посветена на лошите пријателки, односно за пријателството со Кејти Пери кое завршило кога таа наводно се обидела да ја саботира последната турнеја на Тејлор. Веќе е познато дека во екранизацијата ќе се појави и колешката Зендеја, а не е исклучена можноста да им се придружат и Хејли Вилијамс од „Парамор“, Селена Гомез и Ед Ширан.

Извор и фотографија: mirror.co.uk 



Врати се горе ↑