Аудио

19 октомври, 2016

Кели Роланд претстави дел од повратничкиот сингл

Кели Роланд планира да се врати на музичката сцена, а судејќи по кусиот извадок од нејзиниот повратнички сингл, темата „Conceited“ дефинитивно е потенцијален хит! Некогашната членка на триото „Дестинис чајлд“ го најави новиот албум во неодамнешен разговор за списанието „Шон“ (Schön!) и откри новиот материјал ќе биде во електро-денс стил.

Претстојното, сè уште неименувано издание ќе биде петто по ред за Роланд и ќе го наследи „Talk a Good Game“ од 2013 година, а како ќе звучи нејзиниот нов сингл можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑