Аудио artworks-000038621220-h1rtws-t500x500

19 јануари, 2013

Кели Роланд објави нова песна

Бијонсе не е единствената членка на триото Дестинис Чајлд која активно работи на нов материјал. По успешните соработки со Лил Вејн, Биг Бои и Лудакрис, Кели Роланд деновиве објави уште една нова песна која ќе се најде на претстојниот четврти по ред студиски албум „Year Of The Woman“. Станува збор за нумерата „Kisses Down Low“, која ја продуцираше Мајк Вил Мејд Ит (Mike WiLL Made It) и која можете да ја преслушате во продолжение. 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑