Аудио kelly-rowland-mommys-little-baby

11 ноември, 2014

Кели Роланд му посвети песна на новороденото синче

Иако го роди пред само една недела, Кели Роланд сепак најде време да му напише и посвети песна на синчето Тајтен Џул Витерспун. Поранешната членка на „Дестинис чајлд“ вчера ја објави песната насловена „Mommy’s Little Baby (A Lullaby)“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

По распадот на групата, 33-годишната пејачка продолжи како соло изведувач, а нејзиниот последен, четврти по ред, студиски албум „Talk а Good Game“ го објави во јуни минатата година.

 



Врати се горе ↑