7 септември, 2017

Кели Кларксон се враќа со „Love So Soft“

Уште на почетокот на годинава Ви пренесовме за најочекуваните изданија за 2017, а меѓу нив беше и повратничкиот албум на американската пејачка Кели Кларксон. Првата победничка на „Американски идол“ уште тогаш вети дека сака да се врати на своите почетоци, како и дека новиот материјал ќе биде инспириран од легендите Витни Хјустон и Мараја Кери.

Како вовед во новиот албум, Кели штотуку го претстави првиот сингл насловен „Love So Soft“, кој можеби не потсетува толку на стилот на Витни и Мараја, но дефинитивно е спој на минатото и сегашноста, односно е своевидно навраќање на девесеттите, но со современ призвук. Освен „Love So Soft“, чие видео можете да го погледнете горе, пејачката нè почести и со баладата „Move You“, а својот 8. по ред студиски албум насловен „Meaning of Life“ ќе го објави на 27 октомври.



Врати се горе ↑