21 март, 2018

Кели Кларксон се соочи со минатото во видеото за „I Don’t Think About You“

Кели Кларксон секогаш отворено зборувала за тешките моменти во својот живот, а сето тоа го преточила и во песната „I Don’t Think About You“, која е втор сингл од нејзиниот минатогодишен албум „Meaning Of Life“. Во штотуку објавеното видео за оваа песна, првата победничка на „Американски идол“ и актуелна менторка во „Гласот“ (The Voice) се навраќа на проблемите со кои се соочувала додека растела, како и битките со нејзиниот менаџмент во почетните фази од кариерата, визуелно потсетувајќи на сцени од некои од нејзините постари видеа.

„’I Don’t Think About You’ е за моментот кога ќе сфатиш дека одредена работа веќе нема никаква моќ врз тебе“, напиша таа на Инстаграм, додавајќи дека „сите имаме личности и/или ситуации во животот што нè обликуваат и понекогаш се чини дека ќе нè скршат, но оваа песна е за она утро кога ќе се разбудиш и повеќе не ни помислуваш на тоа. Ја изгубило моќта и повеќе не ги окупира твоите мисли. Всушност, станува збор за песна за слободата.“

Како изгледа и звучи оваа емотивна балада на Кларксон можете да видите и слушнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑