Видео

28 март, 2019

Кели Кларксон, Биби Рекса и Ник Џонас на саундтракот за „Грди кукли“

Освен што ги позајмуваат гласовите за дел од главните ликови, американските пејачи Кели Кларксон, Биби Рекса и Ник Џонас дадоа и свој музички придонес за саундтракот на анимираната музичка комедија „Грди кукли“ (Ugly Dolls), чија премиера во кината ширум светот се очекува на почетокот на мај.

Како прв сингл од изданието пристигна темата „Broken & Beautiful“ во изведба на Кели Кларксон, односно главниот лик Мокси, а како авторка се потпишува нејзината славна колешка Пинк. Првата победничка на „Американскиот идол“ на саундтракот е присутна со уште неколку песни, вклучувајќи и два дуета со колешката Џанел Моне, која исто така го позајмува гласот за еден од ликовите.

 

Меѓу музичките ѕвезди што ќе запеат на овој саундтрак се и американската група „Пентатоникс“ и бразилската пејачка Анита, како и кантри-ѕвездата Блејк Шелтон, кој го позајмува и гласот за Окс. Во самиот филм ќе ги слушнеме и гласовите на рап-ѕвездите Питбул и Лизо, британската пејачка Чарли Екс-Си-Екс, тајванско-американскиот музичар Венг Лихом, комичарот Габриел Иглесијас и на актерките Ванда Сајкс и Ема Робертс.

„Грди кукли“ е приказна за група плишани играчки кои живеат во Грдоград (Uglyville), но одлучуваат да заминат на другата страна од планината каде што се наоѓа Институтот за совршеност во кој сите се совршени. Сценариото го напиша Алисон Пек, според приказната на Роберт Родригез, кој заедно со Џејн Хартвел е и продуцент на филмот, а режисерка е Кели Есбери.

Ликовите и насловот на филмот се врз основа на истоимената линија на играчки од Дејвид Хорват и Сан-мин Ким, лансирана во 2001 година.

Комплетниот список со песни од саундтракот за „Грди кукли“ можете да го видите во продолжение, а веднаш потоа и трејлерот за самиот филм.

Ugly Dolls OST

1. Кели Кларксон — Broken & Beautiful

2. Кели Кларксон — Couldn’t Be Better (Pop Version)

3. Кели Кларксон — Today’s The Day

4. Кели Кларксон и екипата на „Грди кукли“ — Couldn’t Be Better (Movie Version)

5. Екипата на „Грди кукли“ — Today’s The (Perfect) Day

6. Ник Џонас — The Ugly Truth

7. Пентатоникс — You Make My Dreams

8. Ник Џонас — The Uglier Truth

9. Џанел Моне и Кели Кларксон — All Dolled Up

10. Џанел Моне и Кели Кларксон — Unbreakable

11. Екипата на „Грди кукли“ — The Big Finale

12. Биби Рекса — Girl In The Mirror

13. Анита — Ugly

14. Уај донт уи (Why Don’t We) — Don’t Change

15. Блејк Шелтон — Wallflowers & Weeds

16. Анита — Ugly (“Fea”)



Врати се горе ↑