Видео

29 април, 2019

Кејти Пери во ремиксот на новиот хит на Деди Јенки

Кејти Пери гостува во ремиксот на новиот сингл „Con Calma“ на порториканската ѕвезда Деди Јенки. Станува збор за латино-преработка на еден од најголемите хитови од девесеттите – „Informer“. Канадскиот регетон-уметник Сноу, кој го објави оригиналот во 1992 година, а лани претстави и освежена верзија, исто така гостува во овој сингл.

Ремиксот со Кејти Пери стигна во форма на симпатично текстуално видео, во кое изведувачите се присутни со нивните емотикони. Во пресрет на летото, несомнено е дека „Con Calma“ ќе биде вистински летен хит, а двете верзии слушнете ги и погледнете ги во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑