Видео kp

23 декември, 2014

Кејти Пери објави мини документарен филм за актуелната турнеја

Кејти Пери неодамна го заврши првиот дел од турнејата „Prismatic“, во чии рамки настапуваше во Австралија и Нов Зеланд, а сега ќе ужива во паузата до февруари следната година, кога започнуваат настапите ширум Европа. Сè уште не е познато дали и каде ќе има концерт во регионот, но ако има, какво доживување подготвила пејачката може да се види од кусиот документарен филм „Exposed“.

Покрај „маскотата“ Батерс и луѓето со кои соработува, ќе видите како изгледа процесот на подготовка за на сцена и колку луѓе се потребни за тоа шоу да се одигра без проблем.

 



Врати се горе ↑