Свет

12 јуни, 2019

Кејти Пери и Тејлор Свифт се смирија, обожавателите очекуваат дует

После долгогодишно ривалство и несогласувања, Кејти Пери и Тејлор Свифт конечно „ги закопаа секирите“, а веста ја споделија и на социјалните мрежи со фотографија со колачиња, каде што на чинијата се испишани зборовите „Конечно мир“. Имено, пејачките подолго време меѓусебно се обвинуваа и напаѓаа за повеќе работи, како што се наводното крадење танчерки од турнеја, а наводно си посветуваа и песни како што се „Bad Blood“ на Тејлор Свифт и „Swish, Swish“ на Кејти Пери.

View this post on Instagram

feels good 🧡 @taylorswift

A post shared by KATY PERRY (@katyperry) on

Имајќи предвид дека и двете ѕвезди во моментов работат на нови албуми, обожавателите веднаш почнаа да шпекулираат дека се подготвува дует, особено бидејќи и двете соработуваат со истиот продуцент – шведскиот хитмејкер Макс Мартин. Веќе познато е дека пејачките знаат да бидат таинствени до последен момент, па голема е веројатноста да нè изненадат со дует без никаква претходна најава.

И Кејти и Тејлор периодов се актуелни со воведните синглови од своите нови изданија – „Never Really Over“ и „Me“ – а уште една сличност им е и шареноликоста и пастелните бои.



Врати се горе ↑