Свет katyPerryRihanna_89436013-659x440

6 ноември, 2012

Кејти Пери и Ријана се скарале за Крис Браун?

Пејачките Кејти Пери и Ријана се скарале затоа што Пери не ја поддржува нејзината пријателка што повторно е со нејзиното поранешно момче Крис Браун. Тие двете се редок пример за пријателство во музичките води, но блиски извори на пејачките тврдат дека нивното пријателство е нестабилно, а тие две не ни зборуваат. Кејти мисли дека Ријана прави огромна грешка што повторно му се врати на Браун, откако пред три години тој беше насилен кон неа.

Еден од пријалите на американската поп ѕвезда рекол дека откако Ријана и Крис се смириле, помеѓу нив двете владее огромна тензија, а Кејти целото слободно време го поминувала со Кристин Стјуарт и Роберт Патинсон. Бидејќи нивното помирување го смета за голема грешка, Пери не сакала воопшто да учествува во тоа.

Извор: blic.rs



Врати се горе ↑