24 април, 2014

Кејти Пери глуми 5 ликови во новиот видео запис за „Birthday“

Кејти Пери повторно се надмина себеси. Живописните бои и пејсажи кои се карактеристични за скоро сите нејзини видео записи овој пат се дополнети и со актерските способности на пејачката со тоа што можеме да ја видиме во дури 5 различни ликови. Веројатно инспирирана од актерот Еди Марфи (кој се појавил во повеќе улоги во филмови како што се „Доаѓање во Америка“ и „Лудиот професор“), Кејти се појавува во улога на тренерот на животни Ејс, танчерката Голди „Големи балони“, кловнот Крис, принцезата Менди и мајсторот за церемонии Јозеф Шулем. Песната „Birthday“ е четврт сингл од нејзиниот актуелен албум „Prism“, а видео записот кој беше претставен денеска можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑