6 септември, 2013

Кејти Пери е „Кралица на џунглата“: Погледнете го „Roar“

Првиот сингл со кој Кејти Пери го најави нејзиниот трет студиски албум „Prism“, темата насловена „Roar“ деновиве доби и свое видео издание. Пејачката преживува пад на авион во џунгла, нејзиниот сопатник е изеден од тигар, а по првичните шокови од средбите со диви животни, таа се навикнува на новонастанатата ситуација и почнува да ужива во неа, така што се спријателува со крокодил и слон, а мајмунчето станува нејзин верен придружник.

Синглот „Roar“ во моментов е на првото место на Hot 100 сингл листата, а изданието „Prism“ ќе пристигне на 22-ри октомври.



Врати се горе ↑