Свет tlc-katy

21 јануари, 2015

Кејти Пери донирала 5 илјади долари за последниот албум на „Ти-ел-си“

Како што Ви пренесовме неодамна, популарната женска група „Ти-ел-си“, која во 2013 година прослави јубилеј од 20 години, лансираше кампања за финансирање на нивниот петти и последен студиски албум. Изгледа дека многу луѓе сакаат уште еден албум од групата, бидејќи за само 2 дена нивната кампања собра 105.000 долари. Интересно е тоа што меѓу фановите на „Ти-ел-си“ е и познатата пејачка Кејти Пери, која, според американскиот портал „Ти-ем-зи“, донирала 5.000 долари, а кој знае, можеби ќе нè изненадат и со некоја соработка.

Во продолжение слушнете микс од нивните хитови „Teenage Dream“ и „Waterfalls“.

 



Врати се горе ↑