Настани kp

31 јули, 2017

Кејти Пери домаќинка на наградите за најдобри видеа на Ем-ти-ви

Музичкиот канал Ем-ти-ви годинава по 34. пат ќе ги додели своите награди за најдобри видеа, а манифестацијата која ќе се одржи на 27 август во „Форум“ во Инглвуд, Калифорнија, ќе ја води популарната пејачка Кејти Пери. Во стилот на самата статуетка, ѕвездата ја сподели веста со видео каде што е облечена како месечевиот човек.

„Тренирав со Ем-ти-ви во нулта гравитација, јадејќи сладолед за астронаути и допишувајќи се со Баз Олдрин и Нил деГрас Тајсон. На 27 август ќе бидам подготвена да бидам вашата месечева жена“, напиша таа објавувајќи го видеото.

 

Веста доаѓа само неколку дена после објавувањето на номинациите за годинешното доделување, од кои најмногу доби Кендрик Ламар (8), а за по пет статуетки ќе се борат Викенд и самата водителка Кејти Пери. Во главната категорија за видео на годината номинирани се „Humble“ на Кендрик Ламар, „24К Magic“ на Бруно Марс, „Scars To Your Beautiful“ на Алесија Кара, „Wild Thoughts“ на диџеј Калид, Ријана и Брајсон Тилер и „Reminder“ на Викенд.

Новитет за годинава е тоа што категориите за најдобро видео од машки и женски изведувач се слеани во една единствена категорија наречена едноставно „уметник на годината“, а номинираните за оваа титула се Кендрик Ламар, Бруно Марс, Ед Ширан, Аријана Гранде, Лорд и Викенд. Комплетниот список со номинации Ве очекува во продолжение.

Видео на годината 
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“
Бруно Марс – „24K Magic“ 
Алесија Кара – „Scars to Your Beautiful“
диџеј Калид, Ријана и Брајсон Тилер – „Wild Thoughts“ 
Викенд – „Reminder“

Уметник на годината
Бруно Марс
Кендрик Ламар
Ед Ширан
Аријана Гранде
Викенд
Лорд

Најдобар нов уметник
Калид
Кодак Блек
Ес-зи-еј
Јанг Ем-еј
Џулија Мајклс
Ноа Сајрус

Најдобра соработка
Чарли Пут и Селена Гомез – „We Don’t Talk Anymore“ 
диџеј Калид, Ријана и Брајсон Тилер – „Wild Thoughts
ДРАМ и Лил Јахти  – „Broccoli
„Чејнсмоукерс“ и Халзи – „Closer
Келвин Харис со Фарел, Кејти Пери и Биг Шон – „Feels
Зејн и Тејлор Свифт – „I Don’t Wanna Live Forever (Fifty Shades Darker)

Најдобро поп видео
Шон Мендес – „Treat You Better
Ед Ширан – „Shape of You
Хари Стајлс – „Sign Of The Times
„Фифт хармони“ и Гучи Мејн – „Down
Кејти Пери и Скип Марли – „Chained to the Rhythm
Мајли Сајус – „Malibu

Најдобро хип-хоп видео 
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“
Биг Шон – „Bounce Back
Ченс д репер – „Same Drugs
ДРАМ и Лил Јахти – „Broccoli“
„Мигос“ и Лил Узи Верт – „Bad & Boujee
диџеј Калид со Џастин Бибер, Куејво, Ченс д репер и Лил Вејн –  „I’m the One“

Најдобро денс видео 
Зед и Алесија Кара – „Stay
Кајго и Селена Гомез – „It Ain’t Me
Келвин Харис – „My Way
„Мејџор лејзер“ со Џастин Бибер и Мо – „Cold Water
Афроџек и Тај Дола Сајн – „Gone

Најдобро рок видео
Колдплеј – „A Head Full of Dreams
Фол аут бој – „Young and Menace
Туенти уан пајлотс – „Heavydirtysoul
Грин деј – „Bang Bang“
Фу фајтерс – „Run

Најдобро видео за борба против системот
„Лоџик“ и Демиан Лемар Хадсон – Black SpiderMan (за расни и ЛГБТ предрасуди)
(од мјузиклот) Хамилтон – Immigrants (We Get the Job Done) (имиграција)
Биг Шон – Light (расни предрасуди)
Алесија Кара – „Scars To Your Beautiful“ (предрасуди за физички изглед)
Табу и Шајлин Вудли – Stand Up / Stand N Rock #NoDAPL (екологија и околина)
Џон Леџенд – Surefire (имиграција и омраза кон Исламот)

Најдобра кинематографија
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“ (Скот Канингам)
Имеџин дрегонс – „Thunder“ (Метју Вајс)
Ед Ширан – „Castle on the Hill“ (Стив Анис)
диџеј Шедоу и „Ран д џулс“ – „Nobody Speak“ (Дејвид Проктор)
Халзи – „Now or Never“ (Кристоф Брандл)

Најдобра режија 
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“ (Дејв Мејерс)
Кејти Пери и Скип Марли –„Chained to the Rhythm“ (Метју Кален)
Бруно Марс – „24K Magic“ (Камерон Дади и Бруно Марс)
Алесија Кара – „Scars to Your Beautiful“ (Арон Еј)
Викенд – „Reminder“ (Глен Мајкл)

Најдобра уметничка режија 
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“ (Спенсер Грејвс)
Бруно Марс – „24K Magic“ (Алекс Делгадо)
Кејти Пери и „Мигос“ – „Bon Appetit“ (Натали Грос)
диџеј Калид, Ријана и Брајсон Тилер – „Wild Thoughts“ (Демиан Фајфи)
Викенд – „Reminder“ (Ламар Тејлор и Кристо Анести)

Најдобри визуелни ефекти
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“ (компанија „Тимбер“, Џона Хол))
„А трајб колд куест“– „Dis Generation“ (компанија „Бимо“, Брендон Хирзел)
Кајл и Лил Јахти – „iSpy“ (компанија „Глорија еф-икс“, Макс Колт и Томаш Кузмитски)
Кејти Пери и Скип Марли – „Chained to the Rhythm“ (компанија „Мирада“)
Хари Стајлс – „Sign Of the Times“ (компанија„ Уан мор“, Седрик Ниволие)

Најдобра кореографија 
Канје Вест – „Fade“ (Тејана Тејлор, Гуапо, Џеј Блејз и Дерек Воткинс)
Аријана Гранде и Ники Минаж – „Side to Side“ (Брајан и Скот Николсон)
Кендрик Ламар – „HUMBLE.“ (Дејв Мејерс)
Сиа – „The Greatest“ (Рајан Хефингтон)
„Фифт хармони“ и Гучи Мејн – „Down“ (Шон Бенкхед)

Најдобра монтажа
Фјучр – Mask Off (Вини Хобс)
Јанг Таг – Wyclef Jean (Рајан Стак и Ерик Дељиодомини)
Лорд – Green Light (Нејт Грос)
„Чејнсмоукерс“ и Халзи – „Closer“ (Џенифер Кенеди)
Викенд – „Reminder“ (Ред Барбејза)



Врати се горе ↑