За Вас t-m-audicija

18 февруари, 2015

КЦ „Тинтири – минтири“ организира аудиција за нова серија за деца

Креативниот центар „Тинтири – минтири“ во соработка со „Аурипигмент продукција“ организира аудиција за деца на возраст од 6 до 14 години, заради потребите на снимањето на новата македонска играно – анимирана серија за деца од  национален интерес, која е во фаза на подготовки и чиј почеток на снимање е најавен наскоро. Заинтересираните можат да дојдат на аудицијата која ќе се одржи на 22.02.2015 (недела) во просториите на МТВ во 12.00 часот. За да се претстават, децата треба да имаат подготвено една стихотворба и нешто по сопствен избор.

Центарот започнува со организирање на часови по актерска игра (глума), сценарио, анимација, сценско движење, водители, радио драма и друго. Заинтересираните можат да се пријават на аудицијата и да добијат професионално насочување, детектирање на талентот и насоки за понатмошно негување и развивање на истиот.

Екипата на Центарот се состои од режисер, сценарист, актер, педагог, социолог како и други соработници. Тимот на „Тинтири – минтири“ 12 години работи со деца од предучилишна и одделенска возраст во сферата на аудио-визуелните медиуми и театарската уметност, а под водство на м-р Кузман Кузмановски. Меѓу другото организира работилници за анимација за деца во рамките на македонскиот интернационален фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. Центарот стои зад реализацијата на играните серии за деца „Патувања со рабробил“ (2004) и „Патувања со рабробус“ (2007).

Повеќе информации за аудицијата, тековните часови и програмата можете да добиете на контакт телефоните 078 44 75 27, 078 301 551 и 078 30 21 61, или на нашиот мејл  kc.tintirimintiri@gmail.com и веб-сајт www.tintirimintiri.mk.



Врати се горе ↑