Свет Cuba-Music-Timeline

2 декември, 2012

Казни за пејачите кои пеат безобразни песни!

Музичарите и пејачите во Куба кои ќе изведуваат песни со вулгарна содржина или „спротивни од етничките стандарди“, во иднина можат да очекуваат казна, соопштил кубанскиот Институт за музика. Одлуката е донесена по многубројните тужби од јавноста заради вулгарностите во одредени песни кои се изведуваат на телевизија и радио. Властите започнале „чистење“ на музичките каталози со цел „да ги искоренат сите појави кои се во спротивност со легитимната кубанска популарна култура“, изјавил директорот на Иснтитутот, Орландо Вистел.

Посебно внимание ќе им биде посветено на „агресивните, сексуално експлицитни, вулгарни стихови, како и стиховите кои ја истакнуваат вродената сензуалност на кубанските жени, претворајќи ги во гротескни сексуални објекти“ – додал Вистел, а пренесува AFP. „На музичарите им е потребна дозвола за работа во Куба, а оние кои нема да се придружуваат на правилата, ризикуваат да ја изгубат таа дозвола“ – изјавил тој, додавајќи дека изведувачите кои ќе дозволат изведување на навредливи песни рисикуваат „строги санкции“.

Поголемиот дел од обвиненијата се однесуваат на регетон – вид на денс музика, мешавина на различни музички жанрови и ритмови кои потекнуваат од Карибите, која најчесто содржи сексуално сугестивни зборови. Визел рекол дека кубанските власти подготвуваат закон со кој ќе биде регулирано „јавното користење на музика“ на телевизија и радио, на концерти и други јавни случувања.

 

Извор: Kurir-info.rs



Врати се горе ↑