Балкан Саша

10 јули, 2017

„Кажеш не“ е новиот летен хит на Саша Ковачевиќ

„Кажеш не“, како и неговата шпанска верзија „Dices no“, е новиот сингл и видео на српската ѕвезда Саша Ковачевиќ. Станува збор за песна во регетон стил, која сигурно ќе биде хит во жешките летни денови и чии автори на музиката се самиот Саша и неговиот брат Раде Ковачевиќ, а стиховите се на Милош Рогановиќ (српски) и Антонио Баруло (шпански). Аранжманот, пак, е дело на Ефраин Гонзалес и Јазо, миксот го направи Луис Пикет, а мастерингот Крис Герингер (Стерлинг саунд).

Во видеото, во кое има и жешки сцени, на Саша друштво му прави Ивана Батаковиќ, а сето тоа во режија на Људмил Иларионов можете да го погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑