25 март, 2013

„Кауч Крал” – нов сингл на „Новиот почеток“

По објавувањето и промовирањето на нивното последно албумско остварување „Melancholic Machine“ (февруари, 2012) низ успешните турнеи по Балканот и Европа и по концертното заокружување на 10-годишнината од оформувањето кое го прославија во домашниот град, скопскиот панк рок бенд продолжува понатаму.

„Новиот почеток“ вчера (24 март), на својот вебсајт поставија видео документ од нивните минатогодишни патешествија. Саундтракот на истиот е нова песна која нема да биде дел од ново албумско остварување, туку се надоврзува на минатогодишните искуства и токму тоа е причината за која бендот одлучи да ја објави како самостоен сингл. Песната беше напишана за време на нивната турнеја во мај 2012, а се работи за едно-ипол минутна, едноставна панк рок нумера која „во детали ги објаснува случувањата и е базирана на вистински случки и околности“ – јавуваат од бендот. Уште еден важен факт е дека овој пат, освен музиката, текстот, аранжманот, дизајнот (за дигиталната обвивка), снимањето и монтирањето на видеото и аудио продукцијата ја направи комплетно самиот бенд. Причината за ова е желбата на бендот да се врати кон основниот, поприроден и класичен панк рок звук.

Видео записот за синглот „Кауч крал“ можете да го погледнете горе, а песната е достапна за бесплатно преземање на нивниот вебсајт www.noviotpochetok.com

Извор: sixtyninerecords.org

 



Врати се горе ↑