Галерија Струга

15 јуни, 2015

Карванот „Вива“ и „Златно славејче“ развеселија повеќе од 6.000 деца

Со многу забава, игри и песни, карванот на „Вива“ и хорот на „Златно славејче“ го заокружи своето прво успешно патување низ Македонија. Карванот започна во Македонска Каменица и Делчево, а патувањето продолжи во Охрид, Струга, Кичево, Струмица, Радовиш и Крива Паланка. Веселиот, распеан карван поминувајќи низ седум градови од Македонија, понуди освежување со многу детски ноти и вкусни витамински „Вива“ сокчиња.  Повеќе од 6.000 деца присуствуваа на овој музички краван и секое од нив беше освежено со „Вива“ сокче полно со витамини.

Со овој караван „Вива“ и „Златните славејчиња“ им го разубавија секојдневието на децата од градовите во Македонија и им овозможија да се радуваат на убавата детска мелодија. Воедно, со делењето на витаминските сокчиња претставниците на „Вива“ ги информираа и едуцираа најмалите за здравите навики.

Уживајќи во вкусовите на здравите и природни освежителни сокчиња, посетителите заедно со хорот на „Златно славејче“ ги пееја добро познатите детски хитови од најголемиот и најпознат детски музички фестивал, меѓу кои и химната за „Вива“.

Атмосферата беше комплетна со водителот Влатко Илиевски кој ги забавуваше децата со интерактивни игри и мини натпревари и од град во град стануваше сè повесело и повозбудливо. Присутните деца беа анимирани со разни активности и во текот на настаните со голема радост очекуваа што следно ќе се случи.



Врати се горе ↑