Настани

19 септември, 2016

Каролина, Жељко, „Љубојна“, „Ван Гог“ и многу други на 13. „Питијада“ во Велес

Питијадата како културна манифестација oваа година се одржува по 13. пат. И оваа година на просторот пред кафетериите, на улица „Благој Ѓорев“, настанот ќе се одржува на 7, 8 и 9 октомври.  Во музичкиот дел – првата вечер на 7 октомври (петок) од 18.00 часот ќе настапат: групата „Виртус“, Елена Велевска, Јордан Митев, групата „Маестро“, „Љубојна“ и Агушеви и популарната македонска пејачка Каролина Гочева.

Во саботата, во вечерните часови ќе настапат Антонија Гиговска, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Дани Димитровска и „Тропико бенд“. Вечерта ќе ја заокружи настапот на еден од најпознатите балкански музички изведувачи Жељко Јоксимовиќ. На 9 октомври (недела), бината е резервирана за „Ај кју“, „Нокаут“, „ДНК“ и популарните „Ван Гог“, чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинашната манифестација.

14359175_1044137399037220_2684834958435047606_n



Врати се горе ↑