Македонија Karolina Gocheva

20 декември, 2013

Каролина за Нова Година ќе пее за битолчани

Најпознатата битолчанка која неодамна го најави нејзиниот нов албум „Македонско девојче 2“ со темата „Чалгиска“, Каролина Гочева за најлудата ноќ ќе пее со нејзините битолчани на плоштадот „Магнолија“. Имено, како што пренесува Шеталиште, таа ќе биде единствената пејачка од забавната сцена, а сцената ќе ја подели со сограѓаните Боеми и Татјана Стефановска.

Според неофицијалните извори на горенаведената веб-страна, Општина Битола ги одбила понудите на сите изведувачи и групи кои дадоа понуда за новогодишната ноќ, меѓу кои групата Памперс, Виктор Апостоловски, Паркети и други битолски музичари. Општината сè уште не дала официјална потврда за оваа вест, но наскоро ќе бидат соопштени сите детали бидејќи до најлудата ноќ остануваат уште само десетина дена.

 



Врати се горе ↑