Видео

2 јануари, 2019

Каролина, Тијана, Јелена, Васил и Вера од „Љубојна“ ја пеат „Во коси да ти спијам“ од Тоше

Новогодишните емисии на македонските телевизии и годинава ги имаше во голем број, а оние што одлучија на најлудата ноќ да останат дома, имаа можност да одберат во чие друштво ќе ја дочекаат Новата 2019 година. Меѓу нив беше и екипата на популарната ТВ серија „Преспав“, која приреди одлично тричасовно шоу, збогатено и со музички гостувања на голем дел од нашите најпознати пејачи.

Особено впечатлив беше заедничкиот настап на актерите Јелена Јованова и Васил Зафирчев со Тијана, Каролина и Вера од „Љубојна“, кои му оддадоа чест на својот легендарен колега Тоше Проески, изведувајќи го неговиот хит „Во коси да ти спијам“, а видеото го сподели и Каролина на својата страница на Фејсбук.

Во коси да ти спијам- "Преспав"

Во коси да ти спијам – ја снимивме специјално за новогодишната епизода на "Преспав" заедно со Верче-Љубојна, Тијана, Јелена и Васко <3

Gepostet von Karolina Goceva am Mittwoch, 2. Januar 2019

 

Меѓу музичките гости во новогодишната емисија на „Преспав“ беа и Влатко Лозаноски, Росана Сариќ – Тодоровска, „Паркети“, Никола Перевски – Пере, Гуру Харе, Тања Тас, Ѓоко Танески, Бојан Стојков, Наум Петрески и други, а доколку ја пропуштивте премиерата, целото шоу можете да го погледнете и на Јутјуб.

 



Врати се горе ↑