Македонија 11899881_948222378552231_2432835446256807794_n

25 август, 2015

Каролина стана заштитно лице на „Авон“

Каролина Гочева е новата амбасадорка на козметиката на американскиот бренд „Авон“, кој постои 129 години во повеќе од 100 земји. Една од најнегуваните пејачки на домашната сцена, во текот на претстојната година ќе се појавува низ страниците на брошурите на компанијата за македонскиот пазар. Ќе ги стави својот потпис и препорака на неколку внимателно избрани производи од палетата на козметичкиот гигант и на парфем.

Задоволство и чест ми е да бидам заштитно лице на компанија која во секој аспект е фокусирана на жените. Од една страна, им овозможува да се грижат за сопствената убавина, здравје и благосостојба, но во исто време им дава шанса да изградат успешен сопствен бизнис. Навистина сум импресионирана што 100 отсто од продажбата на одредени производи одат во добротворните цели. По повеќе од 20 години искуство во мојата кариера, сфаќам колку значи да имаш некој кој континуирано те поддржува да растеш и да се развиваш во тоа што сакаш да го работиш. И најважно, некој што не ти дозволува да се откажеш во исполнувањето на својот сон“, изјави Гочева за „Вест“, а дел од фотографиите кои ќе се појават во следната брошура на популарната американска компанија можете да погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑