Македонија Karolina

5 октомври, 2015

Каролина специјална гостинка на концертот на Дуке Бојаџиев во „Карнеги хол“

Најголемата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева, по покана од македонскиот композитор и пијанист со светско реноме Дуке Бојаџиев, ќе биде специјална гостинка на неговиот концерт заедно со камерниот оркестар на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 8 октомври во една од најпрестижните концертни сали во светот, „Карнеги хол“ во Њујорк.

На концертот во овој музички центар каде настапуваат едни од најврвните репродуктивни уметници од целиот свет, премиерно пред американската публика ќе прозвучи најновата песна на Каролина со наслов „Зборови немам“, чиј комплетен автор е токму Дуке Бојаџиев. Песната „Зборови немам“ е снимена и продуцирана во музичкото студио „Гаеа“ во Њујорк, а вокалот на Каролина е снимен во студиото „Марифет“ во Скопје.

Најновата песна на Каролина и Дуке доживеа македонска премиера минатиот месец и наиде на големо воодушевување кај домашната јавност.



Врати се горе ↑