Балкан 11403407_908985959142540_931217538247491319_n

8 јуни, 2015

Каролина специјална гостинка на „Х фактор“

Вечерашната епизода, која ќе започне во 21 часот на телевизија „Сител“, дефинитивно ќе биде една од најстресните досега бидејќи дома ќе си заминат дури 4 финалисти! Вчера настапија 7 од преостанатите 12 финалисти, а вечерва ќе ги слушнеме и другите 5, меѓу кои и нашиот Боби Мојсоски, кој ќе отпее македонска песна.

Македонска песна ќе запее и специјалната гостинка за вечерва, нашата Каролина Гочева: „Многу ми е мило што ќе бидам гостинка на најпопуларната шоу програма во регионот. Вечерва ќе ја изведам мојата најдрага песна од последниот албум, ’Кој да ми запее’, па верувам дека публиката ќе ужива“, изјави познатата пејачка.

Покрај Каролина, вечерва ќе гостува уште една голема ѕвезда од регионот – Саша Ковачевиќ. Миленикот на женската публика ќе го отпее својот актуелен сингл „Где смо моја љубави“, чија неодамна објавена екранизација е најскапиот српски видео запис на сите времиња“. 

„За почеток очекувам одлично шоу вечерва! Воодушевен сум од финалистите и им посакувам многу испех и среќа, како во ’Х фактор’, така и во понатамошната кариера. Навистина ми е мило што целиот регион повторно се собра на еден здрав натпревар како што е ’Х фактор’“, нагласи популарниот пејач.

Само за потсетување, вечерва ќе се гласа за сите финалисти, така што ако сакате да ги поддржите Боби и Давид, во текот на емисијата пратете СМС порака со содржина 4 (за Давид) и 14 (за Боби) на телефонскиот број 141 345. Секоја порака чини 23,6 денари со вклучен ДДВ, а бројот на пораки е неограничен.

 Извор: xfactoradria.com



Врати се горе ↑