22 декември, 2014

Каролина со рекорден број концерти во една година!

Крајот на годината, освен за некои други работи, претставува убава можност и за сублимирање. Па така би сакале да потврдиме… да, вистина е, Каролина постави рекорд за 2014 година со седум одржани концерти (6 концерти во МОБ и 1 во арена „Борис Трајковски“) за неполни 11 месеци!

На овие концерти Каролина со проектот „Македонско девојче“ ја видоа повеќе од 11.000 луѓе. За квалитетот, за задоволството од публиката, за насмеаните и исто така и расплаканите лица нека зборува некој друг.

 Ние би сакале да напоменеме уште две работи:

–         факт е дека албумот „Македонско девојче 2“, за жал во конкуренција на многу, навистина многу малку изданија оваа година, е убедливо најпродаван албум во Македонија за 2014 година во сè поретките продавници за музика во нашата држава.

–         После навистина долго време еден македонски албум ќе се појави на просторот на поранешна Југославија на македонски јазик, а како издавач стои не било кој туку „Далас рекордс“,  којшто да напоменеме дека ќе го издаде и албумот првенец на „Темпера“, исто така на македонски јазик.

Пред фактите и боговите молчат.

Авалон Продукција



Врати се горе ↑