Македонија karolina

13 јануари, 2014

Каролина со нов сингл пред стара Нова Година

По првиот сингл „Чалгиска“ и најавата за петте концерти во чии рамки ќе го промовира новиот материјал од албумот „Македонско девојче 2“Каролина Гочева ќе претстави уште еден сингл, јавуваат од нејзината матична продукција „Авалон“. Станува збор за темата насловена „Две лири (Не ни било пишано)“ која премиерно ќе биде претставена неколку часа пред старата Нова Година, односно вечерва во 19 часот. Како автори на оваа песна се потпишуваат Никола Мицевски и Валентин Соклевски, а како звучи тоа ќе дознаеме вечерва.



Врати се горе ↑