Концерт 1655854_670417899666015_642066622_n

4 април, 2014

Каролина со „Македонско девојче“ на големи концерти во Битола и Охрид

После распродадените 6 концерти во Македонската Опера и Балет во Скопје, Каролина со проектот „Македонско девојче” ова лето ќе одржи концерти во античките театри во Битола и Охрид, информираат од Авалон продукција. Во античкиот театар Хераклеа во Битола, Каролина ќе одржи два концерти – на 24 и 26 јули, а настапот во античкиот театар во Охрид ќе биде на 25 јули.

Влезниците за трите концерти, во продажба ќе бидат пуштени од понеделник, 7 април, преку продажната мрежа на Купи Карти За Сè, како и на интернет на www.kupikartizase.com по следните цени и категории:

Битола – ТРИБИНА 300,оо денари;
Охрид – ТРИБИНА – седење 400,оо денари/ ПАРТЕР 300,оо денари;

Наскоро очекуваjте објава за уште неколку концерти кои ќе се одржат ова лето како промоција на проектот „Македонско девојче“.

 



Врати се горе ↑