Македонија kg

15 јуни, 2015

Каролина со „Македонско девојче“ на фестивал во Бугарија

Каролина со проектот „Македонско девојче“ ќе настапи во Бугарија на првото издание на „Балкан боеми фестивал“, соопштија од „Авалон продукција“. Пејачката на 26 јуни ќе настапи како главна ѕвезда на првата фестивалска вечер, додека гостин на втората фестивалска вечер е српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ.

После спектакуларните настапи на Каролина во Србија во најпопуларните шоу програми на Балканот – „Иван Ивановиќ Шоу“ и „X фактор“, и со веќе најавен настап на најголемиот музички фестивал во овој дел од Европа – „ЕГЗИТ“, приказната за „Македонското девојче“ продолжува да го освојува Балканот!



Врати се горе ↑