Македонија 11260831_900280976679705_2871878158389400385_n

22 мај, 2015

Каролина со „Македонско девојче“ на „Егзит 2015“!

Роденденското 15. издание на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад годинава ќе биде збогатено и со настапот на нашата најголема ѕвезда Каролина Гочева со проектот „Македонско девојче“, соопштија од „Авалон продукција“. Пејачката со својот бенд ќе настапи како една од главните ѕвезди во сабота, 11 јули, на „Фјужн сцената“ (Fusion Stage).

Како што Ви пренесувавме во изминатиот период, во рамките на јубилејната 15. „Егзит авантура“, на сцените во Нови Сад (СР) и Јаз (ЦГ) ќе настапат бројни светски и регионални ѕвезди како што се „Моторхед“, „ПродиџиМану Чао, „Рудиментал“,  „ФеитлесЕмели Санде,  Џон Њуман, „Клин бандит“, Том ОделИглс оф дет метал“, „Дубиоза колектив“ и повеќе од 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

Покрај настапот на „Егзит“, пејачката подготвува и нешто ново, но сè уште не е познато за што станува збор. Имено, Каролина на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на кои напиша „Making of…“, па се надеваме дека наскоро ќе нè израдува со некој нов видео запис.



Врати се горе ↑